Маските ќе ги носиме и следната зима: До кога ќе трае борбата со корона?

Добивај вести на Viber

Постои можност носењето заштитни маски следната зима да биде потребно во одредени услови, со цел да се продолжи со одбраната од инфекцијата со вирусот корона, изјави главниот научен советник на Владата на Велика Британија, Патрик Валенс.

„Можеби ќе биде потребно следната зима да има мерки како што е носење маска во одредени ситуации“, изјави Валанс пред новинарите во Лондон.

Водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи,  завчера изјави дека постои можност Американците да мора да носат маски и во 2022 година, но дека мерките воведени поради ковид 19 ќе бидат поблаги заради напредокот во кампањата за вакцинација.