Маските во затворен простор повеќе нема да бидат задолжителни: КЗБ соопшти ваква препорака, но остануваат четири места каде што ќе мора да се носат

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести по својот редовен состанок денеска соопшти олабавување на две антиковид мерки. Претседателот на советодавното тело, д-р Александар Петличковски изјави дека по процена на епидемиолошката состојба, условите им овозможуваат за намалување на дел од рестриктивните мерки кои се во насока на спречување на ширењето на корона вирусот.

-Првата препорака се однесува на укинување на задолжителното носење маски во затворен простор. Тие повеќе нема да мора да се носат, освен на четири места, а тоа се здравствените установи, домовите за стари лица, аптеките и јавниот превоз. Значи таму и понатаму важи мерката задолжително носење маска. На сите останати места може да се носат само по желба, ако некој сака. Втората препорака се однесува на следењето на контактите на заразените со ковид-19. Препорачуваме укинување на епидемиолошкото следење на контактите, а со тоа и укинување на мерката за изолациоја на контактите, изјави д-р Петличковски.

ДЕТАЛИ ЧИТАЈТЕ НА ФАКТОР ТУКА.