Мажите го сменија полот: Рамбо Амадеус раскажа интересни случки во Скопје
Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус, со вистинско име Антоније Пушиќ изведе урнебесно шоу во рамките на фестивалот “Таксират“, наречено „Вечер на гломазна поезија, во киното „Фросина“ во МКЦ.
Исклучително забавен и со специфичен хумор, Рамбо го „прочешла“ целото регионално општествено живеење. Во придружба на својот клавијатурист, тој рецитираше своја поезија, раскажуваше лични случки, вменуваше дел од своите хитови. Ги исмејуваше рекламите, новата технологија, отвори прашања за ЛГБТ заедницата.
„Мажите станаа жени, го сменија полот“, рече Рамбо во еден од чиновите. Низ целата „гломазна“ поезија му помагаше неговиот клавијатурист кој свиреше се, од класична музика, до српски фолк. „Политичарите го финансираат ова, мислејќи дека е сериозна театарска претстава“, додаде тој.
Рамбо залужено наполни две сали во киното„Фросина“, вечерва и сношти. Финалето на фесtивалот „Таксират“ е во сабота, во ВИП Арената „Борис Трајковски“. (М.Џ.)
Фото: Таксират