Мажите за неа сечеа вени, а таа откри дека е лезбејка: Екс партнерката ѝ почина, сега се омажи за огнена црнка

Саманта Фокс, познатата пејачка која во 80-тите жареше и палеше на светската сцена и по која мажите ширум светот „сечеа вени“, минатиот викенд се омажи за својата партнерка Линда Олсен.

Фокс се прослави на само 16 години, кога нејзината топлес фотографија беше објавена во британскиот The Sun, по што беше исфрлена од католичкото училиште. Таа ја започна својата пејачка кариера кон крајот на 80-тите, а нејзината песна „Touch Me“ беше на врвот на топ листите во дури 17 земји.

фото: Инстаграм принтскрин

Саманта Фокс призна дека е лезбејка во 2003 година, кога била во врска со тогашната менаџерка Мајра Стратон. Тие беа заедно до 2015 година, кога Стратон почина од рак. Пет години по нејзината смрт, Саманта Фокс се сврши со Норвежанката Линда Олсен.



Фокс се омажила само неколку недели откако, како што пишува The Sun, била шокирана од сомнежот дека има рак на грлото.

„Мајката на Саманта Керол Ен имаше рак на дојката, а нејзината долгогодишна партнерка Мајра Стратон, која почина во 2015 година, исто така заболела од рак“, пишува The Sun. За среќа, израстокот на нејзиното грло се покажал бениген.



Саманта Фокс наскоро ќе се венча: Со која жена познатата пејачка ќе стапне на „лудиот камен“


foto: Instagram Screenshot