Ме проценуваа 10 психијатри: Интервју со убавицата социопат

Каника Батра (26), финалистка на изборот за Мис Австралија, сподели емотивна приказна на својот профил на Јутуб за асоцијално нарушување на личноста наречено „Интервју со социопат“, кое привлече големо внимание на јавноста.

Во него, таа тврди дека нејзиното ментално здравје го оцениле десетина психијатри, кои заклучиле дека има „асоцијална и нарцисоидна личност“. Симптомите вклучуваат недостаток на емпатија, занемарување на другите и склоност кон лага и манипулација, пишува „Сан“.

Таа тврди дека и е тешко да биде „морално добра“ личност и дека и е полесно да биде неверна, особено затоа што никогаш не чувствува вина и срам поради своите постапки. Таа во моментов е верена со момчето Сем, иако признава дека изневерила тројца од петте претходни партнери.

- Не се чувствував виновна. Не дојдов дома и се превртував на креветот ноќе затоа што изневерив нечија доверба. Лесно е да го исклучиме тој дел од мозокот - открила таа.

Каника вели дека им ја покажува својата „злобна страна“ на луѓето што ја повредиле и дека знае да биде „прилично одмаздоубива“. Иако нејзината совест не претставува проблем, таа се обидува да не ја повтори истата грешка двапати.

- Задоволна сум од животот, но мислам дека не се чувствувам среќна на ист начин како и обичните луѓе - призна таа.

„Бомбардирање со љубов“

Иако се обидува да биде искрена со мажите, таа не ја открива својата дијагноза се додека не се доближи. Тврди дека поради нејзината состојба ги „бомбардира“ со љубов, односно ги обзема со внимание и приврзаност.

- Така ги среќавам. Јас не знам како да се контролирам, затоа постојано испраќам пораки со цел да откријам сè за нив и сакам да бидам постојано со нив. На овој начин, јас се обидувам да откријам каква би била нашата врска. Мислам дека можам да сакам како и секој друг, без оглед на моето нарушување - смета австралиската мисица.

Имитирајќи ги другите, научила емотивни одговори и се изградила врз идентитетот на блиските луѓе.

Таа тврди дека морала да учи како почесто да трепне затоа што понекогаш постојано гледала во очи на други луѓе и со тоа ги полудувала. Каника не сака деца додека не направи „комплетна терапија“ и не е сигурна дека може да биде со мажите „физички, емоционално и финансиски“.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 110.000 пати, а илјадници корисници ја фалат за нејзината искреност.

"Имам чувство дека ја гледам најискрената жена на светот", "Немате идеја колку им помагате на другите да го разберат ова нарушување. Ја цениме вашата уникатност и искреност", "Нејзиниот израз на лицето кажува сè", благодарам за разговорот на оваа тема и споделување на вашето искуство “, се дел од коментарите на YouTube.

Извор: Блиц. рс, Фото: Инстаграм