Меган Маркл ќе ја менува професијата: Поранешната актерка и војвотка ќе се испроба во друга професија

Актерката ќе го оствари својот долгогодишен сон и ќе се обиде во пишувањето.

Откако се преселија во Америка, принцот Хари и Меган Маркл започнаа низа проекти и иницијативи, а најново е остварување на нејзината желба за писателка.

Меган ги презеде неопходните мерки што ќе и обезбедат правна заштита и ќе и овозможат да пишува и објавува свои романи под покровителство на „Арчвел“, компанија што ја започна со принцот Хари. Британските медиуми веднаш ја поврзаа со детската книга „Budgie The Little Helicopter“, издадена од Ферги или „The Old Man Of Lochnagar“ од принцот Чарлс.

Една од ставките за кои сака да се осигура во Канцеларијата за патенти и заштита на САД е правото да напише „книги за реални и нереални настани на различни теми“, како и објавување на „списанија за животни стилови и периодични списанија“.

Изворот за британските медиум вели дека Меган веќе има одредено искуство како писателка, а го водела и успешниот блог „The Tig“, пред да го запознае Хари. Во него, таа опфаќала теми за здравјето, патувањето, храната и модата.

(ФОТО) Повторно го воодушевија светот: Преслатка Божиќна честитка на Меган, Хари и Арчи!