(ФОТО) Повторно го воодушевија светот: Преслатка Божиќна честитка на Меган, Хари и Арчи!

Иако војводата и војвотката од Сасекс се повлекоа од службените должности како дел од кралското семејство, и двајцата зачуваа една празнична традиција, додавајќи ѝ свој печат.

Принцот Хари и Меган Маркл ја споделија својата Божиќна честитка за 2020 година, поврзана со добра цел и споделена на социјалните профили на добротворната организација за заштита на животните Mayhew.

За разлика од традиционалните фотографии што другите членови на кралското семејство ги користат во оваа пригода, картичката на Меган и Хари е уметничка илустрација. Портпарол на парот изјави: „Оригиналната фотографија од семејството е направена во нивниот дом на почетокот на овој месец од мајката на војвотката“.

На сликата, Меган Маркл и принцот Хари се во друштво на нивниот возрасен 18-месечен син Арчи и нивните кучиња, Гај и Пула, пред мала куќа во нивниот двор во Монтесито.

„Малата новогодишна елка, вклучувајќи домашни украси и други детали, беа избрани од Арчи, а дрвото ќе се сади по празниците“, рекоа тие.


Војводата и војвотката од Сасекс уште еднаш користат семејна пригода за да го свртат вниманието на јавноста кон добротворни цели. 



Фото: Getty/ Инстаграм/themayhew

Moжеби ќе ве интересира:

Првото појавување на Меган Маркл по загубата на бебето носи силна порака