Овие 5 особини ги имаат луѓето кои се хранат со туѓа несреќа, според експертите: Изгледот може да измами, бегајте од нив додека има уште време

Добивај вести на Viber

Денес сè ни ја троши енергијата. Луѓе кои не ги сакаме, активности на кои сме осудени поради некоја повисока цел. Факт е дека животот е подобар ако имате пријатели кои ве инспирираат, кои ви помагаат и даваат поддршка.

Ако сè уште не сте свесни кои луѓе ви ја трошат енергијата и не ви посакуваат добро, време е да станете свесни за тоа и да го препознаете!

Ова се некои особини кои ги имаат лошите луѓе и затоа треба да се држите настрана од нив, тврдат психолозите.

1. Луѓето со „расипано“ срце се експерти за создавање конфузија, прреметување и расправии.

Тие:

-извртуваат факти;  прават измами; лажат; избегнуваат преземање одговорност;  ја негираат реалноста; измислуваат приказни; информациите ги чуваат за себе…

2. Луѓето со „расипано“ срце се експерти за да ги измамат другите со својот сладок разговор

Меѓутоа, ако ги погледнете плодовите на нивниот живот или ако ги следите нивните зборови, ќе видите дека таквите луѓе никогаш не се менуваат и не вложуваат во раст и развој. Нивниот живот е илузија, а нивната душевна храна е страдањето на другите луѓе.

3. Луѓето со „расипано“ срце секогаш сакаат да ги контролираат другите

А од друга страна, тие се највисоката власт за себе. Ги отфрлаат повратните информации и конструктивната критика, ги креираат правилата според кои живеат, не обрнувајќи внимание на моралните норми.

4. Луѓето со „расипано“ срце често играат на симпатиите на добродушните луѓе со цел да измамат

Тоа изгледа вака:

- Бараат сочувство, но самите не го обезбедуваат. Тие бараат топлина, прошка и интимност од личноста на која и згрешиле без никаква емпатија за болката што ја предизвикале и без вистинска намера да се обидат да го поправат она што го направиле или да се обидат да ја вратат изгубената доверба.

5. Луѓето со „расипано“ срце немаат совест и не знаат што е каење.

Тие немаат ни намера да се обидат да се борат со својата злоба - всушност, уживаат во тоа - сето тоа под превезот на одреден благороден карактер.

Фото:Freepik.com
Извор:  Zena.blic.rs