Меланија Трамп и во шестата деценија сè уште има линија како девојка: Не држи диети, туку строго ги следи овие правила!
Фото: Fox news/ Melania Trump on possible return to White House: 'Never say never'
Режим на исхрана за пример и половина на која би позавиделе многу помлади жени
Жените знаат колку е тешко да се одржи тежината по 40-тата година од животот. Сепак, Меланија Трамп успева во тоа со помош на здрава и урамнотежена исхрана.
Нејзината линија е фантастична, а половината ѝ е тесна баш како некогаш.
Да потсетиме, таа е висока 176 сантиметри и тешка само 62 килограми. Зачекори во својата шеста деценија - родена е во 1970 година.
Меланија не следи трендови и диети, туку само практикува урамнотежена исхрана. Правилото е едноставно - секој ден, покрај останатата храна, јаде по седум овошја.
Освен овошје, често јаде зеленчук, особено спанаќ и домати. Таа редовно пие јогурт направен од обезмастено млеко, ужива во риба, а интересно е што - при бројните посети во странство - ниту таа, ниту Трамп не биле заинтересирани да пробаат локални специјалитети. Тие претпочитаа да јадат салата или јадење што се подготвува и во Америка - на пример, печено пилешко или стек.
Менито на Меланија е прилично лесно за следење.
За појадок задолжително смути, а во него обично се става сок од морков, боровинка, целер, јаболко, лимон или портокал, малку маслиново масло и семки од лен. Од суплементи зема витамин Д и омега-3.
Заедно со пијалокот, Меланија јаде и чинија овошна салата - ананас, банана, малина и боровинка. За ситост, таа препорачува овесна каша.
Ручекот најчесто е салата од краставици и домати или мешан зелен зеленчук, а таа на својот Инстаграм и Фејсбук профил повеќе пати споделила дека ужива сама да го подготвува својот оброк.
За вечера јаде месо и многу зеленчук како што се компири, тиквички, целер.
Извор: www.najzena.rs