„Ми ги извадија органите за да ми ја спасат главата“: Еве како СОЛАРИУМ ѝ го уништи животот

Одењето во солариум им помага на девојките да изгледаат поубаво и попривлечно, сепак, факт е дека овој третман може да предизвика големи здравствени проблеми.

Колку тоа може да биде опасно зборува и примерот на девојката од Ваљево, Катарина Чочовиќ, сопруга и мајка на две момчиња, која сега има 35 години, а шест години се лекува од малигнен меланом. Во емотивна објава на Инстаграм таа преку својот личен пример ги предупреди сите девојки што носи постојаното печење во солариум.

- Поради мојот личен копнеж за тен, си обезбедив третмани:

1. Непознат број на хируршки операции со отстранување на поединечни органи.

2. доживотна терапија еднаш месечно во ИОРС Белград.

3. статус на инвалидски пензионер во триесет и втора година од животот.

4. имплементација на трикратен ГАМА нож.

5. тринеделно дневно патување до ножот Х.

View this post on Instagram

A post shared by Катарина Чочовић (@cocovic_katarina)


- Всушност, со одење во солариум и изложување на штетни УВ зраци (период од 11 до 16 часот), си обезбедив 6 години целосен „аранжман“ наречен МАЛИГЕН МЕЛАНОМ (IV фаза)

Ако ви е примамлив овој аранжман, одете во солариум, но денес, да можам, однапред би ги избрала „аранжманот“ Беч тен и Дебела, но задоцнив на понудата FRST MINUTE.

Принтскрин / Инстаграм

Најжена.рс