„Ми купуваше само брендирани фустани, со денови водевме љубов“: Исповед на манекенката која била со шеик

Харемите на саудиските шеици отсекогаш го привлекуваа вниманието на јавноста. Но, она што се случува таму отсекогаш била мистерија, која донекаде ја разјасни книгата на 60-годишната Џил Дод, која ја објави во 2017 година, но исто така неодамна откри нови детали.

Денес, можеби е попозната како успешна бизнисменка и основач на модниот бренд „Рокси“, но во текот на 1980 -тите таа беше една од девојките во харемот на саудискиот шеик и трговец со оружје Аднан Кашоги. Дод го запознала Кашоги на забава во Париз кога имала 21 година.

Тој и пришол и ја замолил да танцуваат. Во тој момент, таа не знаела со кого танцува, само дознала подоцна. Во тоа време, Кашоги имал четири милијарди долари и многумина верувале дека тој бил најбогатиот човек во светот во тоа време.

View this post on Instagram

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)



Познатиот Саудиец беше најпознатиот трговец со оружје кој соработуваше со бројни земји, производители на оружје, но и приватни клиенти од целиот свет. Дод работеше како модел во моментот кога го запознала. Таа беше заинтригирана од неговиот ексцентричен начин да го привлече нејзиното внимание, особено во моментот кога тој скрши чаша шампањско кога танцуваа. Откако седнаа, тој напиша „Те сакам“ на нејзината рака со неговата крв.

„Немав идеја кој е, но навистина ми се допадна“, рече таа.

До моментот кога се запознале, Кашоги веќе бил оженет и татко на пет деца, но имал право на 11 жени „за задоволство“. Таа наскоро стана една од нив. Живеела во неговите одаи во Саудиска Арабија и чекала да дојде на ред за да биде интимна со богаташот.

Заедно уживале во вечерите, а тој ја однел на најлуксузните забави.

View this post on Instagram

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)



- Се затворавме во соба и водевме љубов со денови, јадевме, готвачот ни носеше храна, земавме кокаин и спиевме кога сакавме - изјави Џил за Индипендент пред неколку години, а оваа година откри претходно непознати детали.

Пред да стапат во било каква врска, таа потпишала петгодишен договор со него. Во него се вели дека тој ќе се грижи за неа во апсолутно сите аспекти, но таа ќе мора да му биде достапна 24/7.

Таа го прифатила ова и на почетокот не била љубоморна на другите жени во харемот, но откако и беше дијагностицирана анксиозност, таквиот живот почнал да ја одбива. Откако на раката на другата жена видела идентичен прстен како и нејзиниот, сфатила дека тоа не е животот со милијардерот за кој сонувала.


- Раскинавме набргу потоа и главно ми олесна бидејќи сфатив дека трчањето по среќа преку пари е како трчање по мојата сенка - рече таа.

Таа го објави своето искуство во книгата „Цената на Љубовта: Храбро патување за пронаоѓање љубов“ во 2017 година. По харемот, таа целосно го промени својот живот. Се омажи и имаше три деца.

„Никогаш не се сметав за курва и сѐ уште не размислувам за себе на тој начин“, вели таа. Нејзиниот љубовник, контроверзниот Аднан Кашоги, почина неколку дена по објавувањето на нејзината книга.


Фото: Инстаграм/Јутујуб принтскрин