Ми недостасува времето поминато со мајка ми: Искрено со новинарката Лидија Чакар

Добивај вести на Viber

Утрото ми  е најубавиот дел од денот,најспокоен момент во кој си сам со себе, со чисти мисли пред претстојниот ден. Се будам со мислата: нов ден, нова среќа! Следува кафето - неизбежен ритуал во којшто уживам секое утро. Сакам турско кафе, густо и горко, без шеќери се разбира секогаш да биде испиено додека е топло. Другите кафиња ги пијам само ако морам односно ако не сум дома, ако сум на некое патување. Секако, после убаво будење и кафе по мерак, денот  носи поубава енергија, ми ги средува мислите и ги подредува секојдневните обврски.

Ме мотивира љубовта од моите најблиски.Мојата работа е многу активна, луѓе, настани, случувања.Секој ден е различен од претходниот, ритамот сличен, но содржината различна. Целата енергија ја добивам од оптимизмот на луѓето, се соочувам со секакви ситуации и разговори. Како и секој човек, важно е да ислушаш секого,но и ако си во можност и да помогнеш. Ме мотивираат креативни луѓе, добри луѓе кои го живеат својот сон, што се среќни и реализирани, луѓе со душа, што се радуваатнатуѓ успех од срце, како на свој!И желбата за успех ми е силна  мотивација. И секако поддршката што ја добивам од луѓето околу мене. Ми недостасува  времето поминато со мајка ми, таа почина неодамна. Ми беше најсилната поддршка и критичарка, жена борец, упорна и истрајна во сите нејзини битки и пример за тоа  колку треба да бидам упорна и храбра за да бидам успешна.

Мометално најмногу сум фокусирана на „Утрата“ што ги подготвувам секој понеделник. Се трудам да одберам гости актуелни на моментот што го живееме и соодветно да се подготвам за разговорот со нив. Во меѓувреме се снимаат, монтираат и останатите содржини за Утринската програма „Македонија наутро“ и се договараат следните активности.

Денот го завршувам заедно со моите најблиски или со пријателите. Во зависност од моменталната инспирација, може некаде да излеземе,на вечера, на чаша убаво вино, а може и да се подружиме во домашна атмосфера.

Во вечерните часови,може да се изгледа некој добар филм или пак да се слуша некој лесен џезили некоја друга убава музика. Поретко посегам по книга. Порано читав повеќеега некако книгата не ми е прв избор.Затоа пак голем љубител сум на филмската уметност, а често посетувам и театар,кино, концерти. Тоа го правам со големо задоволство.

*Лидија Чакар – Порано уредник на Дневникот на МТВ, сега Новинар во Утринската програма Македонија наутро“ на МТВ