Ми се појавија првите бели влакна: Пред oгледало со Јелена Спенџарска
Една од најубавите наши водителки и омилена на гледачите, Јелена Спенџарска е дел од тимот на Утринската програма на Тв „Канал 5“. Нејзин заштитен знак е насмевката и позитивната енергија која ја пренесува на сите околу себе. Јелена ни раскажа за своите ритуали за убавина.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Искрена да бидам, јас најмногу уживам само со днавна крема за лице и буквално ништо друго од козметички производи, но поради работните обврски морам секојдневно да бидам нашминкана, па гледам тоа колку е можно да биде тоа сведено на минимум.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Со хидратантни зашто имам сува кожа и на лице и на тело, па секој препарат мора да биде внимателно одбран. Пред да купам било што, многу читам и многу се консултирам зашто не сакам да ризикувам со својата кожа. Не сум толку многу опседната со козметика и емотивно се врзувам со некој производ, ако ми се погоди- го користам со години. И така кога доаѓа време за купување точно знам што и од каде да го купам. Хидратантна крема ми е MUST, имам дома, во ташна, на работа, тоа е нешто без кое не мрдам никаде.
* Посетувате ли козметички салони?
- Да, и многу уживам таму. Еднаш неделно одам на масажа и тој саат време сум на друга планета, се исклучувам максимално таму и на секој човек му препорачувам да оди зашто масажите се здравје, а не луксуз и време е посериозно да ги сфатиме нејзините придобивки. Не правам третмани за лице во салоните зашто се уште немам потреба од тоа, но редовна сум на маникир.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- И тука морам да се пофалам (и да не се урочам) дека имам прекрасна здрава и права коса на која не и треба никаков третман. Ја мијам и таа е веќе фенирана. Е,сега не трпи никакви извиткувања дека ми е ептен права, но поентата ми е дека немам потреба од фризер освен кога треба да ја кратам. Сакам да експериментирам со должина но се уште не и со боја иако веќе се појавија првите бели влакна.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Очите сакам да ми бидат малку поголеми, па некако тоа ми е многу важно кога се шминкам, а исто и устата ја зголемувам за милиметар со моливче зашто уште не сум спремна да се боцкам (а не знам дали и некогаш ќе бидам). Не сакам ништо да прикријам, многу сум самоуверена за своето лице, не се срамам од ништо, ги имам прифатено сите свои недостатоци и одлично си живеам со нив.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Ај да почнеме со пудрите на Аура кои многу ми одговараат исто како и нивните кармини користам хидратантни креми за уморно лице од брендовите ORIGINS и CLINIQUE, и повеќето други производи ми се од ESTEE LAUDER.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Парфем, JULIETTE HAS A GUN и крема за лице и за раце од EUCERIN.
* Омилен парфем?
- TOMO by ANNAYAKE.
* Како ја одржувате линијата?
- Со intermittent fasting веќе 3 месеци и со години сум активна на кеј 3-4 пати неделно. Секако и добар баланс со храната.
Даница Караташова