МИЈАТА Е “КОНТРОЛ ФРИК“: Пејачката на фестивал за контролори на летање во Италија

Добивај вести на Viber

„Конторл фрик“ се вика бендот на кантавторката Наташа Крстевска- Мијата со кој ќе настапи на фестивалот „Контролерс мјузик фестивал“, специјализиран за настап на контролори на летање од целиот свет. Настанот ќе се одржи во понеделник во Саленто, Италија.

Мијата, која 17 години работи контролор на летање, со својот бенд ќе го отвори фестивалот со 40 минутен настап. 

„Настапот ќе ми започне со мојата авторска песна, „Верувам во себе“, ќе пеам уште две мои песни, една италијанска за да ги испочитувам домаќините и уште неколку кавери на светски хитови. Многу се радувам што токму мојот бенд и јас го отвараме овој интересен фестивал кој за прв пат се одржа лани, и треба да прерасне во традиција. Мило ми е што мојот бенд има едно ваков интересно име, кое е поврзано со авијација. Условот да се настапи на фестивалот беше барем еден член од бендот да има активна контролорска лиценца“, ни изјави Мијата.

За настапот на „Контролерс мјузик фестивал“ како претсваник на нејзината фела, идејата ѝ ја дале Здружението на контролори на летање ЗКЛМ и здружението на Синдикати М-НАВ. 

„Моите колеги многу ме поддржуваат. Едвај чекаат да ми почне настапот и ми рекоа да се вклучам во живо на фејсбук или на инстаграм за да ме гледаат. Ќе биде ова една убава контролорска журка“, вели Мијата. Иво Митковски на тапани и на бас, Петар Димитриовски (Марк Пурпос) на клавијатури и Кире Мирчовски на гитара е бендовската екипа што ќе ја придружува. 

„ Порано, кога ќе речеа дека контролор на летање не е повик за жена, мојата феминистичка природа се бунеше.  Меѓутоа кога морав да дојдам да одработам 2 часа на фреквенција 10 дена по породување со царски рез, сфатив што сакале да кажат. Секоја контролорска дозвола за да биде активна има минимум часови што мора да се одработат во извесен временски период. Тој правилник нема ставка "породилно отсуство".  Ние жените контролори сме редок вид, а јас сум единствениот контролор што пее. Околу 20 жени во Македонија го имаме ова работно место, од вкупно стотина  контролори во Скопје и во Охрид“, изјави Мијата во претходно интервју за Женски магазин.

М.Џаровска