Мила ослабела 41 кг: Имала 134, тумор и била во процес на разведување, не сѐ откажала од исхраната и ја преполовила тежината за 11 месеци
Мила Наѓ, млада инфлуенсерка од Нови Сад, имала 134 килограми, па решила да ги земе работите во свои раце и за помалку од една година успеала да ослабе 41 килограм.
Мила со години водела нездрав живот без да размислува како вишокот килограми влијае врз неа, и физички и психички. Своето патување за слабеење го започнала пред нешто помалку од една година, кога го добила последното предупредување од нејзиното тело, а тоа било тумори на хипофизата.
- Последната капка беа туморите, како и разводот, односно излегувањето од токсична врска која ми донесе само лоши работи - вели Мила за „Нај Жену“ и додава дека прво се консултирала со тренер, а набргу и со психотерапевт.
За самиот процес и диетата вели дека имала и наркомански кризи.
„Телото ми се тресеше и не можев ништо да сторам“.
Мила е и мајка на четири деца и на многумина им дава пример дека се е можно со доволно труд и работа на себе. Освен луѓето кои ја поддржаа во нејзиното патување за слабеење и борбата, имало и многу кои ја навредувале и ѝпишувале коментари со омраза.
Тоа се луѓе кои се полни со фрустрации, незадоволни се од себе и од другите. Ги прочитав сите коментари, но не одговарам, иако мислам дека нема јавна личност што не се расплакала поради нив.
Таа ја продолжува својата битка и советува дека не треба да се откажувате од соништата иако процесот е тежок, треба да бидете упорни.
Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs