Миленикот на Македонките за прв пат стана татко: Ед Вествик среќата ја најде во негова колешка, а на синот му дадоа име достојно за принц!

Се шпекулираше дека со години е вљубен во Лејтон Мистер, а сегашната сопруга му помогнала да ја преболи таа невозвратена љубов.
Уште од деновите кога заводливиот Чак Бас ја шармираше публиката ширум светот во серијата „Gossip Girl“, Ед Вествик стана синоним за класа и неодолив британски шарм.
Со години интригираше со кариерата, улогите и приватниот живот, но сега речиси тивко и со многу емоции се појави информацијата која ги стопи срцата на неговите обожаватели - Ед Вествик стана татко!
Оваа среќна вест актерот (37) и неговата партнерка, британската манекенка и актерка Ејми Џексон ја споделија на Инстаграм и тоа на најнежниот можен начин.
Во црно-бели, емотивни фотографии, парот на светот му го претстави својот син - малиот Оскар Александар Вествик. Во идиличен природен амбиент, Ејми го држи својот син во раце, додека Ед нежно го допира бебето и ја бакнува својата сакана во образот.
Нивните пораки беа едноставни, но исполнети со љубов: - Добре дојде во светот, момче. Оскар Александар Вествик.
Еден од најтрогателните детали беше снимката одблиску на која гордите родители нежно ја држат раката на малото бебе, како симбол на почетокот на прекрасното заедничко патување.
Инаку, Ејми го има петгодишниот син Андреас од претходната врска со хотелиерот Џорџ Панајоту, а сега нивното семејство е побогато за уште еден член.
Во последните месеци од бременоста, Ејми покажа елеганција - таа неодамна се појави на британската азиска гала во Лондон, каде гордо го покажа трудничкото стомаче во прекрасен златен фустан со светки со длабоко деколте.
Актерката преку бројните објави на социјалните мрежи ја отвори вратата на нејзиниот и светот на Ед, споделувајќи со фановите моменти на исчекување и подготовка за доаѓањето на бебето.
Нејзината исповед на TikTok беше особено трогателна, каде што го опиша денот поминат со Ед, од заеднички појадок, вежбање и прошетка, до одење на ултразвук, додека и двајцата со нетрпение го очекуваа првиот поглед на нивниот син.
– Едвај чекам да пристигне малиот Вествик – напишала тогаш таа откривајќи колку биле возбудени.
А сега кога пристигна нивниот мал принц, јасно е дека оваа приказна само што започна. За Ед Вествик, од улогата на омилениот „лош дечко“ од „Gossip Girl“, животот сега доби сосема ново значење - улогата на татко, која, судејќи според фотографиите, одлично му прилега.
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs