Мина Блажев: Доаѓа промена на македонската естрада
Доаѓа една нова генерација на изведувачи како што сме јас, Антонија, Лина, Мартија и мислам дека треба повеќе да слушате македонска музика и да не поддржите
Вчеравечер во друштво на свои пријатели, но и личности од македонската естрада, младата Мина Блажев направи промоција на свето првенче „Веќе нема“.
Станува збор за песна, на која стои потписот на Роберт Билбилов, а за видео-записот е заслужен Александар Ристовски Принц.
Мина им се заблагодари на сите присутни и оние што допринеле за оваа нова песна, а особено им беше благодарна на мама и тато за бесусловната поддршка која и ја даваат.
- Конечно доаѓа промена на македонската естрада, освен врвните пејачи како што се Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Каролина, ДНК... доаѓа една нова генерација на изведувачи како што сме јас, Антонија, Лина, Мартија и мислам дека треба повеќе да слушате македонска музика и да не поддржите - изјави таа.
Видео-записот изгледа навистина младешки и светски, а Мина за тоа ги пофали нејзините другари и другарки со кои е снимен целиот спот.
Мина Блажев беше една од учесничките на „Пинкови ѕвездички“, а минатата година беше и нашиот детски евровизиски претставник со песната „Dancing trough life“.
- Би сакала да учествувам на уште голем број натпревари ширум светот, но исто така да работам и на мои песни, па дај боже да стекнам и светска слава - изјави таа во интервју за Женски Магазин.
Д. Караташова