(ВИДЕО) Мите Стоилков му посвети песна на Оливер
Пејачот Мите Стоилков му посвети песна на легендарниот музичар Оливер Драгојевиќ, кој почина на 29 јули. Победникот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Пинк“ од 2016 година, ја препеа неговата омилена песна од Оливер „Вјеруј ми“.
„По повод заминувањето на големиот музички уметник Оливер Драгојевиќ, кој зад себе остави многу хитови кои и понатаму ќе се слушаат, направивме преработка на еден од најголемите хитови, „Вјеруј ми“. Ви го претставувам и мојот официјален бенд за соработка „Дежаву бенд“, и ветуваме уште многу нова музика“, изјави пејачот.
Мите е од струмица и има 23 години. Пред две години, на шоуто “Ѕвездите на Пинк“, победи благодарение на изведбата на македонската традиционална песна „Зајди зајди“, со која ги освои симптаиите на жирито во Белград. (М.Џ.)