Мјуча Прада била инспирирана од силуети на 60-тите години на минатиот век, кога ја креирала својата Miu Miu пролет/лето 2018 колекција.
Оваа нејзина колекција е претставена во текот на последните денови на модната недела во Париз. Поставата на моделите била разновидна, а ревијата започнала со модели на машки стил, вклучително и градници украсени со панделки и карирани пантолони. „Оверсајз“ капутите со шармантни дезени биле слоеви кои ги покривале фустаните со цветен вез. Женствената и проѕирна чипка била комбинирана со плетени горни делови и цветни дезени.
Кога се работи за обувки, Мјуча понудила сандали со перли, мокасини со токи и „китен“ потпетици. Моделите како Каја Гербер, која е присутна во речиси сите модни ревии, Тејлор Хил и Еј Иверс заблескаа на модната писта.
Уживајте во галеријата и инспирирајте се!