Култура // Настани
Мјузикл на „Силви бенд“ во скопската чаршија
Дуото „Силви бенд“, во петок, на 5 октомври, ќе одржат мјузиклот „Ромален“ во старата скопска чаршија, во Сули Ан од 20 часот. Настанот е во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ , а го организира нивната продукција „Сил-Вла“.
„ Се работи за новото аудио издание „Ромален“ седмо по ред, кое влегува во вековните проекти, со рустичноста, древноста и оригиналноста. Инаку е прво вакво издание на сите времиња во нашата држава. Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика. Овој перформанс е масовен проект, кој го изведуваат околу 15-тина луѓе на сцената облечени во прекрасни народни и традиционални носии. Се работи за изузетно квалитетен ноасач на звук, исполнет со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет“, изјави Влатко Плевнеш од „Силви бенд“. тој најави богати кореографии, оркестар и шоу со 15 луѓе на сцената.