Младинската иницијатива S.H.A.R.E. од гимназијата Орце Николов од Скопје во акција – заедно во решавање на проблемите на младите

Добивај вести на Viber

„Што ми помогна да го пребродам проблемот“, ќе биде темата на изложбата која ќе се одржи на 27 мај, 2019 година со почеток во 19 часот, во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Целта на оваа изложба е преку анонимни творби отворено да се споделуваатпроблеми на младите и начините на кои тие се справуваат со нив.

Изложбата е во организација на младинската иницијатива S.H.A.R.E. (Speak Honestly And Resolve Everything)кои ја покренаа десетина средношколци од гимназијата „Орце Николов“,во рамки на проектот “Вклучи се за промена” од здружението„Лидери за едукација“, активизам и развој (LEAD) и Агенција за млади и спорт.

На овој отворен настан ќе бидат изложени фотографии, цртежи, поезија и други форми на изразување, преку кои младите ќе го презентираат својот начин на соочување и решавање на проблемот.

Сите пристигнати творби на изложбата ќе бидат анонимни, за да се стави акцент на начинот на соочување и решавање на проблемот, наместо на личноста која се соочувала со истиот.

Организаторите на изложбата младинската иницијатива S.H.A.R.E.ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ја посетат.

Изложбата „Што ми помогна да го пребродам проблемот“, што ќе се одржи во понеделник на 27 мај 2019 во гимназијата Орце Николов од 19.00 часот, е една од активностите што досега ги реализираше младинската иницијатива S.H.A.R.E. Во насока на подигнување на свеста кај младите за поголема грижа за своето метнално здравје и успешно решавање на проблемите со кои се соочуваат, досега се организирани низа работилници и настани. На нив, младите преку симулации, студии на случаии други форми работеа на подигнувањена свеста за важноста на споделувањето на проблеми но и посетата на стручно лице.