Младите го прележуваат Ковид,но подоцна доживуваат мозочен или срцев удар: Постковид синдром може да се појави и неколку месеци подоцна

Постковид синдромот е загрижувачки факт, тврди д-р Мирсад Ѓерлек, Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, и истовремено потенцира дека не треба да се занемари  омикрон сојот иако дава поблага симптоматологија.

Д-р Џерлек предупредува дека постковид синдромот е загрижувачка работа, која не треба да се сфаќа лесно. Покрај потсетувањето за вакцинација, тој смета дека е неопходно да се покрене и прашањето за евентуална четврта доза од вакцината.

-Очекувам совет и препорака од Националниот комитет за имунизација, но во моментов третата доза е приоритет, да не зборувам за првите две, изјави Џерлек. Она што ме загрижува е дека овој постковид синдром е многу опасен, на кој луѓето обично забораваат. Младите имаат поблага клиничка слика и го преболуваат Ковид 19, но се случува истите тие пациенти да се вратат по неколку месеци со миокарден инфаркт, со мозочни удари. Не е сè решено кога ќе завршите со Ковид 19. Постковид синдромот е многу сериозна и загрижувачка работа“, предупредува Џерлек.

Со оглед на тоа што Светската здравствена организација најавува дека до крајот на годинава ќе има стабилизација и враќање на нормалниот живот, Џерлек истакнува дека е оптимист и се надева на ваков исход во текот на 2022 година.

Извор: Faktor.mk