Многу е ретко, но не е невозможно: Д-р Воја Перишиќ тврди дека и мажите можат да дојат

Добивај вести на Viber

Гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ откри факт кој изненади многумина.

Д-р Перишиќ тврди дека жените кои не родиле можат да дојат бебе, но и мажите истото. Тој во гостувањето на ТВ Прва изјави дека главниот одговор на сето ова е добрата хипофиза.

Докторот истакна дека доењето е многу важно за децата и мајките, а често доаѓа до губење на млекото поради стресот кој го имаат мајките.
- Два хормони кои жената ги лачи, промактин и окситоцин, во хипофизата и тоа е интересна комбинација. Кога бебето е на дојката, сигналот оди до хипофизата и мозокот лачи два хормони. Тоа е толку моќен ефект, што е доказ дека големината на градите не влијае на количината на млеко – рече тој.

- Стресот е главниот фактор за намалување на количината на млеко кај мајките - истакна тој.

Дали и двајцата родители можат да дојат?

- Во текот на студирањето добив информација од професорот дека е можно мајка кога ќе посвои дете кое цица, а претходно не раѓла да има млеко и да го дои - изјави тој.

Тој објасни дека за тоа всушност е заслужна стимулацијата на брадавицата и дека влијае на хипофизата, но и дека ваквите случаи се многу ретки.

- Има и ситуација кога таткото го става детето на градите. Кога се добри млечните жлезди и хипофизата, можно е и доење, така што сите кризи што ги имаат мајките на пример со млекото се минливи - истакна тој.

Мајчиното млеко е исто така важно за возрасните

- Секреторен имуноглобулин е присутен во мајчиното млеко, тоа е антитело кое се наоѓа во крвта, но и во млекото. Еден милилитар мајчино млеко содржи 100 пати повеќе леукоцити од крвта, а кога овие неутрофили и леукоцити ќе влезат кај возрасните и кај децата, тие го бранат организмот, што е многу моќно средство за одбрана.

Тој заклучува дека возрасните не треба да консумираат мајчино млеко секој ден, но дека не е штетно ако го пробаат.

Извор:najzena