МНОГУ ТЕШКО НЕКОЈ ДА БИДЕ ЗАШТИТЕН ОД ОМИКРОН, СИТЕ ЌЕ ГО ПРЕЛЕЖИМЕ: Професорот Пановски со став- болеста полесно поминува кај прележаните и вакцинираните

Добивај вести на Viber

Микробиологот, проф. д-р Никола Пановски со став-заразата со омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне, но болеста полесно поминува кај оние кои веќе прележале ковид и кои се вакцинирале против корона вирусот.

Во гостувањето во емисијата Студио 10 на ТВ 24, професорот посочува дека дури една третина од тестирањата се асимптоматски случаи.

-Бројот на денови за изолација треба да биде 7 дена, многу малку ќе придонесеме за ширење на болеста, и најважно е тоа што болеста кај прележаните и вакцинираните полесно поминува. Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помине, особено што според податоците на Институтот за јавно здрвје покажуваат дека 30 проценти од тестираните досега се асимптоматски случаи. Замислете колку луѓе има кои што одат на работа, не се тестираат и се позтивни. И ако го промениме прагот на излоација, тогаш треба да се затворат сите установи, појаснува професорот Пановски.

Детали читајте на Фактор тука.