Модел на дизајнерката Моника Димова во Forbes: Светско, а наше

Модел на нашата модна дизајнерка Моника Димова се најде на страниците на престижниот Форбс. 

Во статија за стил и убавина, каде се наброени неколку летни комбинации-модели се најде и модел на Моника, носен од светски познатата блогерка и инфлуенсерка Роса Креспо (Rosa Crespo), која има над 370.000 следбеници.

Фото: screenshoot - forbes.com

Станува збор за фустан од колекцијата есен-зима, тоалета насловена „Аурора“. 


Инаку, дизајнерката Димова својата страст за дизајн ја покажала уште од млада возраст. Скоро сите нејзини скици кои ги создала во тинејџерските години, ги чувала нејзината мајка, а години подоцна тие скици се најдоа во европската модна индустрија. 


Моника студирала на институтот Marangoni во Милано, Италија, каде и живеела извесно време. Димова е препознатлива по луксузната женска облека која ја создава. Сите креации ѝ се изработени со внимателно одбрани и исклучиво висококвалитетни материјали, а најчесто работи интернационално и има клиени од цел свет: Англија, Америка (Лос Ангелес, Њујорк), Италија, Франција и Саудиска Арабија.


Дизајнерката најави уште неколку возбудливи соработки за оваа есен, но повеќе детали реши да открие во некоја наредна прилика.


Н.Миланова

Фото: Инстаграм/ screenshoot - forbes.com