Моден дизајнер под сериозни обвинувања: Моделите тврдат дека тој е сексуален предатор, дека ги дрогирал, а потоа ги силувал!

Модниот дизајнер Александар Ванг (37) се соочува со сериозни обвинувања за сексуален напад, откако неколку манекенки на социјалните мрежи јавно признаа дека дизајнерот ги дрогирал, а потоа ги користел сексуално, пренесува Дејли меил.

Неколку манекенки го обвинија њујоршкиот дизајнер дека е „сексуален предатор“, од кои многумина тврдат дека Ванг „ставал дрога во пијалоците“, а потоа ги искористил сексуално.

Александар Ванг стана познат по своите забави каде што се собираат sвезди, сè до 2005 година. Тој не одговори на овие обвинувања.

Обвинувањата против Ванг станаа вирални, откако ги сподели на Инстаграм здружението за модели:

„Александар Ванг е сексуален предатор, многу машки и женски модели и транс модели излегоа јавно со обвинувања за сексуална злоупотреба што им ги нанесе Александар Ванг“, се вели во текстот.

„Важно е да се покаже поддршка за овие жртви со запирање на следењето на Александар Ванг и бојкотирање на неговата линија за облека.

Во најавата има и видео од машки модел кој тврди дека Ванг го „допрел“ во 2017 година.

"Во еден клуб, тој искористи момент на гужва и ме допре во пределот на препоните. Кога видов дека тоа е тој, едноставно замрзнав. Полека почнав да се оддалечувам од него. Не можев да верувам дека ми го прави ова", рече менекенот.

Уште шест мажи и неколку жени манекени и манекенки излегоа со своите приказни за злоупотреба од Александар Ванг.

Асоцијацијата за модели изјави:

„Да бидеме јасни: Недостатокот на транспарентност и отчетност на модната индустрија ги остава сите модели ранливи и подложни на злоупотреба, без оглед на нивниот пол и родов идентитет.

Извор: Стил Курир

Фото: Profimedia