Моден двобој на Аделина Тахири и Ким Кардашијан: На која подобро и стои?
Сакале или не,
животинскиот принт одамна е на модната сцена и секоја година сме сведоци на
некои нови начини на носење. Оние кои досега се уште не му дадле шанса дефинитивно
треба да го направат тоа.
Во последните неколку сезони животинскиот принт стана попопуларен од кога и да е, особено затоа што фокусот не беше само шаблон на леопард или змијски принт, туку и оној што немавме прилика да го гледаме толку често – кравји принт, зебра или мешавина од неколку различни.
Облеката со животински принт датираат од времето на фараоните и римските цареви, кога големите владетели се украсувале со крзно од диви животни за да го покажат својот статус во општеството. Полека животинското крзно стана дел од стајлингот на холивудскиот џет-сет и влезе во колекциите на познатите модни дизјанери и мејнстрим модата.
Животинските дезени денес можат да се најдат на сите облеки, чевли и модни додатоци. Сакале или не, можеме да кажеме дека животинскиот принт никогаш нема да излезе од мода и се носи секојдневно. Класична или во комбинација со други дезени за оние кои се добри во експериментирањето, овој „див“ дезен остава впечаток на моќ, малку дрскос, но и секси и шармантен.
Албанската пејачка Аделина Тахири објави фотографија на Инстаграм облечена во целосни панталони со животински дезен, со што ги истакна нејзините облини. Тахири оваа модна комбинација ја искомбинирала со крзнен капут,црна чанта и чевли со висока потпетица.
Во ваква слична комбинација во 2022 година се појави и Ким Кардашијан. Разликата е во бојата на дезенот, а се останато е исто. Комбинизон кој ги истакнува облините.
Што мислите вие на која подобро и стои?
Фото: Инстаграм