Модерна бедуинка: Сите изгледи на Севе во Мароко-оддаде почит на традицијата

Добивај вести на Viber

Северина моментално ужива во Мароко, а на својот официјален Инстаграм профил објавува фото-сеќавања од патувањето. Таа со своите следбеници сподели различни фотографии, а последната галерија е направена во прекрасен хотел во Маракеш.

Како и обично, Северина воодушевува со своите комбинации. Феноменална, убава, совршена комбинација и секогаш со стил, се само дел од коментарите за нејзиното модно издание.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)



Пејачката го искомбинира црниот кафтан со вистински ефективни златни гладијаторски сандали и фантастичен стејтмент накит, меѓу кои најмногу се истакна ланчето.

Северина избра и модел на чанта кој со години е на листата на најпопуларни дизајнерски чанти. Станува збор за моделот Џоди на модната куќа Ботега Венета, кој нивниот поранешен креативен директор Даниел Ли го лансираше во јануари 2020 година, но многумина не знаат дека тој нашол инспирација во чантите на Ботега од 70-тите години на минатиот век.

На целото тамошно патување, Северина ја испочитува традицијата на Мароко.

Повеќе погледнете во фотографиите:

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)




View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)