Mодната икона која за себе вели дека е геријатриска старлета го прослави 102-от роденден: Нејзината тајна за долговечност треба сите да ја следат
Ирис Апфел, модна икона и уредувач на ентериер, вчера со голем стил го прослави својот 102 роденден. Таа е родена во далечната 1921 година во Њујорк и од година во година не престанува да воодушевува со својата енергија и инспирација. Таа со децении е добро познато име во модните кругови, со 2,8 милиони следбеници на Инстаграм.
– Кој би помислил – напиша најстарата инфлуенсерка со фотографија на која држи балони со број на години. На фотографијата што ја објави Ајрис, таа носи розова наметка со куп дебели пластични ѓердани и алки и секако, нејзиниот заштитен знак големите тркалезни очила.
102 TODAY… who would’ve thought!!
— Iris Apfel (@IrisBApfel) August 29, 2023
pic.twitter.com/JC0cbnasMx
Нејзините следбеници и посакаа добро, со едно напишано: „Среќен роденден Ирис. Ти си прекрасна, харизматична дама! Ти си инспирација за сите нас“.
Друг додаде: „Првпат дознав за тебе кога имавте 84 години. Беше огромна радост да те гледам сите овие години оттогаш. Вие сте блескава ѕвезда и инспирација г-ѓа Ирис. Господ да ве благослови!!!
Ирис може да се пофали дека е богата во модната индустрија, а во една прилика го откри своето животно мото: „Повеќе е повеќе, а помалку е досадно. Никогаш не сум била за теоријата дека помалку е повеќе. Тоа не прави За мене е каква било смисла. Тоа е исто како да кажеш помалку пари те прави побогат“, рекла Ирис , која на шега се опишува себеси како геријатриска старлета и најстарата тинејџерка на светот.
Нејзиното мото во животот е да се биде индивидуа и да не се следи толпата.
И покрај тоа што има 102 години, Ирис одбива да се пензионира. Наместо тоа, таа лансираше колекција брошеви, ѓердани и обетки една недела пред нејзиниот роденден. Кога наполни 100 години, таа рече: „Мислам дека пензионирањето на која било возраст е судбина полоша од смртта. Само затоа што се појавува бројка не значи дека треба да застанете“.
Како што вели, хуморот е најважен во животот.
- Чувството за хумор е од суштинско значење. Не мислам на „хаха“ смислата за хумор, туку на способноста да ги забележиме тие ситници и да сфатиме колку се бесмислени и колку не обрнуваме внимание на важните работи. Како што можете да видите, не сум минималист, сакам различни работи. Уживам да ги спојувам, вели Ирис.
Интересен факт од нејзиниот живот е дека во 2018 година добила своја кукла Барби. Нејзината кукла верзија носи зелен костум на Гучи со сина јака, како и многу модни додатоци и големите очила со црни рамки по кои е позната Апфел.
ФОТО: Инстаграм принтскрин