МОДНАТА КУЌА ЛУЈ ВИТОН НИКОГАШ ПОСИЛНА, И покрај кризата профитот се зголеми, сопственикот Анро меѓу најбогатите во светот

Кога станува збор за светот на луксузни стоки, ретко кој е поуспешен од французинот Бернар Арно, 72-годишниот извршен директор на францускиот луксузен конгломерат LVMH (Louis Vuitton – Moët Hennessy). Тој го изгради своето богатство во период од речиси четири децении, проширувајќи ја империја на луксузни стоки што вклучува некои од најпознатите модни брендови вклучувајќи ги Луј Витон, TAG Heuer и Dom Pérignon.

Арно исто така вклучи четири од неговите пет деца во својот бизнис, градејќи семеен бизнис што резултираше со третото по големина богатство во светот.

Business Insider ја пренесува приказната и деталите за тоа како Арно го започнал својот бизнис и станал еден од најбогатите луѓе во светот:

73-годишниот француски бизнисмен е претседател и извршен директор на LVMH Moët Hennessy – Louis Vuitton, познат како LVMH. Арно поседува 97,5 отсто од Кристијан Диор, кој контролира 41,2 отсто од LVMH. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Youtube - screenshoot