Моето дете има аутизам, напади на агресија и може да го смири само тој: Лежи пред него за да не ја удри главата на под

Нема зборови со кои може да се опише нивната врска...

И додека многумина со нетрпение ја очекуваат новогодишната ноќ, децата со аутизам ја поминуваат скриени во некое ќоше, за да се заштитат од непријатниот звук на петарди.

За нив тоа е голема траума, а една мајка на социјалните мрежи објасни како нејзиниот син ги доживува стресните ситуации.

Таа напиша дека нејзиното дете не зборува, има напади на агресија/автоагресија, зема лекови и носи пелени и дека само нивното сакано куче го разбира и се труди да го заштити од се што го вознемирува.

Кога ќе се случи драматична ситуација, опиша таа, кучето Рок лежи пред момчето и го спречува да ја удри главата на подот.

Мајката напиша дека нападот може да трае од 20 секунди до два часа, а кучето Рок за тоа време не се одделува од него.

- Сето ова го напишав заради родителите кои се во слична ситуација. После многу лекари и измамници, можам да кажам дека куче од стабилна природа ни помогна повеќе од се‘– откри таа.

Инаку, слоганите „Уживајте во празничната прослава, но дозволете ми да уживам и јас“ и „Не фрлајте петарди“ низ цела Србија го привлекуваат вниманието на фактот дека меѓу нас живеат деца со аутизам и пречки во развојот, што е вознемирувачко кога нивните врсници неуморно фрлаат петарди каде и да одат. 

Секоја година експлозивните направи стануваат се погласни, па стравот е поголем.

Децата со аутизам различно реагираат, а родителите често не можат да му објаснат на детето дека не е во опасност, бидејќи секоја промена во нивната рутина предизвикува вознемиреност и чувство на паника.

Размислете за тоа следниот пат кога ќе фрлите петарда.


Извор: курир

Фото: printscreen