Мојата коса беше густа и здрава, видете го овој ужас: Фризерката ми стави хемикалии и си отиде на ручек
„Ми ја изгоре косата и ми зеде 30 евра. Жива ќе те запалам бесплатно", и рече Сека Саблиќ на својата фризерка во култната серија „Љубов, навика, паника“.
Дваесет и четиригодишна жена од Австралија доживеа слична ситуација на нејзината кожа кога фризерка и нанела силни хемикалии на главата, а потоа отишла на пауза за ручек која траела еден час.
Сè што сакала Лаура била да ја исправи бујната коса.
„Мојата коса беше многу густа и здрава и верував дека ако го направам тој третман нема да морам повеќе да ја исправам“, раскажува девојката во видеото што го сподели на Тик Ток.
@laurajarvie3 ##fyp ##wakinupinthemornin ##atleastshehadherfishandchips
♬ original sound - Amir Yass
Лаура презела дел од вината врз себе, бидејќи, како што вели, не се распрашувала повнимателно за салонот и за самиот третман.