„Мојот сопруг од мене очекува едно и тоа е многу напорно“: Богата домаќинка ја откри реалноста која се крие зад раскошниот живот

Добивај вести на Viber

Богата домаќинка која е посветена на мајчинството ги открива и негативните аспекти на бракот со богат човек

Богатата домаќинка Изи Анаја прозборе за реалноста зад нејзиниот раскошен, гламурозен живот и откри дека не е сѐ во скапи чанти и летање со приватни авиони.

@averagerichhousewife #stitch with @Christian Walker We work very hard… can we unionize housewifing??? #housewife #richmom original sound - Izzy Anaya / NYC Lifestyle


Изи, која се нарекува „просечна богата домаќинка“ на социјалните мрежи, упати остри критики кон луѓето кои се противеле да не прави ништо.

View this post on Instagram

A post shared by Izzy Anaya (@theaveragerichhousewife)



Таа објави видео на TikTok објаснувајќи дека работи 24/7 како „извршен директор на нивното семејство“, што вклучува грижа за нивните два сина додека нејзиниот сопруг го работи својот профитабилен бизнис.

Оваа домаќинка рече дека од неа се очекува да се грижи за сите домашни работи и родителство додека нејзиниот сопруг оди на работа.

„Кога луѓето ќе кажат - абе ти не работиш“, „Ти си домаќинка“ или „Маж ти има доволно пари, негови пари се, прашај го“... Прво работам 24 часа на ден, 7 денови во неделата. Јас сум секогаш на повик. Впрочем, тоа не се негови пари, тоа се наши пари. Тој го заработува тоа, но и јас го работам мојот дел од работата, тој се грижи да можам да правам работи дома. Во спротивно, ќе треба да плати дадилка, чистачка, готвачка, сите тие луѓе, сметководител, туристичка агенција, организатор, извршен директор кој би се грижел за моето семејство ако имам и јас работа, а тоа веројатно ќе го чини повеќе од мене“, заклучува таа.

Во друго видео, Изи зборуваше за тоа како стапувањето во брак со богат човек има свои предности и недостатоци.

„Луѓето ми велат - помогни ми да најдам богат сопруг, но мислам дека немаш идеја како е да се биде во брак со некој што е работохолик. Нема да лажам. Трошење без буџет, одење во Лулулемонот и одењето на ручеци може да биде забавно. Сепак, треба да бидете подготвени сами да ги воспитувате децата бидејќи вашиот сопруг не се враќа дома од работа во 5 часот попладне. Одам на вечери со пријателите, на училишни претстави и настани, добротворни настани и сè друго сама. Твојот сакан не може да биде дома и да помага со децата и да патува со приватен авион во исто време. Треба да го изберете едното или другото.“

View this post on Instagram

A post shared by Izzy Anaya (@theaveragerichhousewife)



„Има денови кога воопшто не го гледам, а има недели кога комуницираме само преку е-пошта бидејќи тој нема време да се јави - а ниту јас. Имам две деца за одгледување и три домаќинства за кои се грижам“, додава таа.

И покрај се, таа инсистира дека ужива да биде домаќинка и дека не и треба ничија помош - и тоа не само затоа што „не сака другите луѓе да бидат во нејзината куќа“.

View this post on Instagram

A post shared by Izzy Anaya (@theaveragerichhousewife)



„Никој нема да ги воспитува моите деца како мене. Само затоа што можеш да си го дозволиш тоа, не значи дека треба да оставиш на некој друг да ги воспитува твоите деца“, објаснува, додавајќи: „Тогаш зошто воопшто да ги имаш ако не уживаш во сопствените деца?"


ФОТО: Инстаграм