МОМЕНТОТ КОГА ЌЕ ВИ КАЖАТ ДЕКА ВИ Е ПОТРЕБНО НОВО СРЦЕ: Приказните на петмината кои добија нов живот-Срцевата слабост станува епидемија, раскажува професор Јовев

За органодонаторството постојат уште неколку други имиња-хуманост која не познава граници, добрина без хоризонти,  благородност и безгранична човечката љубов во моменти кога се губи најмилиот, а се носи одлука да се дари живот некому кому лекарите му прогнозираат месеци, па и само неколку денови до смртта. Искендер Барути, Иле Стрезовски, Емилија Христовска Костовска, Сашко Јанакиевски и Иван Огњановски сведочат за Фактор за моментите кога им е речено дека им е потребно ново срце, дека нивниот живот ќе заврши доколку не зачука здрав орган во нивните гради. Оваа приказна би останала недовршена без професорот Сашко Јовев, човекот кој со својот тим им овозможи на овие луѓе нов живот.

66-годишниот Искендер Барути од Скопје вели дека одлуката за трансплантација ја донел сам, и тоа многу брзо, само за половина час откако му соопштиле дека за него има срце.

-Поминаа два месеца од трансплантацијата. Сега многу подобро се чувствувам. Претходно имав пес мејкер, но повторно добив удар, што значи дека пејс-мејкерот не ја вршеше функцијата како што треба. Лекарите предлагаа да ми стават пумпа, посебна пумпа која се става во срцето, но, јас не бев согласен таква механичка направа повторно да се става во моето срце, бидејќи сметав дека не е вистинското решение. Предлогот за да ми се трансплантира срце дојде многу набрзина, ми се јавија на телефон да ми соопштат дека има донор, дека има срце кое одговара на сите мои параметри и ме прашаа дали сум согласен да прифатам. Без многу размислување, се одлучив за половина час на таков чекор. Терапиите се поопсежни, често сум на контрола, дишењето ми е поолеснато, вели Барути.

ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА ЧИТАЈТЕ ЈА НА ФАКТОР ТУКА.