Може ли храната да биде лек и во кои случаи

Добивај вести на Viber

Нашето здравје во голема мера зависи од она што го внесуваме во организмот, каков живот водиме и секојдневните навики. Изборот на храна и намирниците што ги внесуваме најмногу влијаат на здравствената состојбата, внесените елементи учествуваат во позитивните процеси и воопшто во добрата работа на органите. При внесување ваква храна превентивно се влијае со тоа што се зајакнува одбраната на организмот од разни заболувања. А храна што ги има овие одлики и чие консумирање влијае врз процесите во организмот што ја поттикнува здравствената состојба, е така наречената функционална храна. Како функционална храна односно прехранбена состојка, намирница се нарекува онаа што покрај основната нутритивна вредност, со својот специфичен состав овозможува и здравствена придобивка за организмот. Тоа го прави пред се преку директно зајакнување на имуниот систем и со стимулирање на функционирањето на органите и животните процеси во организмот.


Оваа храна најчесто е богата со витамини, минерали, растителни влакна и слично, состојки кои се неопходни за правилно функционирање на организмот. Исто така, во составот на функционалните храни влегуваат и пробиотиците, затоа и млечните производи посебно пробиотските јогурти како што е Баланс+, се сметаат за функционална храна. Функцијата на пробиотиците е во обезбедување чиста, избалансирана цревна флора, што е многу важно затоа што вирусите и бактериите прво го напаѓаат дигестивниот тракт и се населуваат во цревата.

Иако јогуртот е природен извор на пробиотици, Баланс+ се препорачува како дел од урамнотежена и квалитетна исхрана, затоа што ги содржи двете пробиотски култури (LA5 и BB12) како и влакната олигофруктоза, коисе исклучително важни за зголемување на бројот на добрите бактерии.Исто така, го снабдува организмот и со микроелементи како витамините Б2 и Б12 и минералите калиум и магнезиум и макронутриенти, вклучувајќи протеини и масни киселини, важни за дигестивниот тракт. На тој начин, со консумирање на овој јогурт, превентивно се влијае на правилното функционирање на дигестивниот систем. За овој јогурт спроведено е и клиничко испитување со кое се потврдува дека со 10 дена редовно консумирање го забрзува метаболизмот и ги решава проблемите со варењето.

Сепак, покрај овој единствен состав, Баланс+ приоритетно го снабдува организмот и со елементи кои се клучни и секојдневно потребни за организмот како големо количество калциум, неопходен за одржување на густината на коските и нивно зајакнување, како кај децата така и кај возрасните.


ПР објава