МТСП: Се забрзува процесот на деинституционализација, идната недела почнува преселбата на децата сместени во Демир Капија
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со
дел од пратениците го посети Специјалниот завод Демир
Капија,каде што реформите интензивно течат.Првите
корисници што ќе излезат од институцијата се децата кои се селат
во мал групен дом во Неготино во понеделник. Овој месец, вкупно
седум деца ќе бидат преместени во мали групни домови во кои ќе
им бидат обезбедени сите услови и услуги за успешен раст и
развој.
Ова е првиот чекор кон градење похумано општество.
Деинституционализацијата е премин од социјална грижа во големи
„безлични“ институции кон грижа во заедницата. Со ова
овозможуваме развој на социјални услуги по мерка на граѓаните и
можност за активно учество на згрижените лица во животот во
заедницата.
Деинституционализацијата е процес што
декларативно се спроведува веќе дваесетина години, но
досегашните постигнувања беа скромни. Министерството за труд
и социјална политика даде заложба до 2020 да нема ниту едно
дете на возаст до 3 години во институциите и продолжува
посветено да работи во таа насока.