„Му верував на погрешен маж кој ме фрли на волците да ме изедат“: Најфаталната прељубничка сега и сама е измамена, а се огласи и убавицата која ѝ го уништи бракот

Љубовната драма на познатиот фудбалер Мауро Икарди продолжува - тој е решен да го спаси семејството и бракот со сопругата Ванда Нара и покрај прељубата, а убавата русокоса очигледно го држи на краток синџир и дава разни сигнали. Во еден момент, изгледа дека е подготвена за итен развод, но следниот, таа споделува чудни објави на Инстаграм во кои вели дека подготвува одмазда за жената со која нејзиниот сопруг ја изневерил.

„Ќе се погрижам за семејството, но ќе се погрижам и за ку***та...“, го најави судирот на Ванда аргентинската актерка Чино Суарез, која имаше афера и со Икарди.

Светската јавност е заинтригирана од оваа приказна и ја следи како најинтересна сапуница, а сега, по многу критики и осуди, Чина објави долга и детална објава во која фрла поинакво светло на ситуацијата.



Убавата Аргентинка изјавила дека скапо ја платила својата наивност и дека токму таа била измамена во целата приказна бидејќи верувала дека влегува во романса со маж кој се разведува.

„Ова го пишувам за да ја замолчам медиумската врева што е иницирана, која е составена од лаги, злоупотреба и манипулации, а во која сум жртвено јагне поради мојот страв и неискуство. Зад сето ова се крие многу подлабока приказна со која многу жени ќе се поистоветат. Бев поврзувана со мажи за кои верував дека се разведени или дека се разведуваат и дека не постојат никакви конфликти. Оваа ситуација е како дежа ву од пеколот , каде што плаќам со мојата репутација за сите страни да прашуваат работи кои се дел од мојата приватност. Истата ситуација која се повторува е доказ за моето неискуство и верба во мажите кои подоцна молчеа и дозволија волците да ме изедат. Се чини дека општеството е полесно да верува дека јас сум негативецот, таа што изневерува, а не таа што е измамена.

Исто така, изгледа е полесно да ме нападнеш па луѓето да ме плукаат. Ја плаќам цената за одржување на имиџот на среќно семејство, а не на ирационален човек кој направил грешка. Мојата тишина и приватност се свртеа против мене, но не сакам повеќе да молчам бидејќи знам дека има многу жени кои минуваат низ истото.

Јас не ја иницирав ниту ја испровоцирав оваа ситуација. Фактот што морам да зборувам за тоа покажува дека жените немаат право на приватност. Морам да издржам еден куп навреди кои ме повредуваат секој пат и различни осуди.

Признавам дека сум неискусна и дека не ги разбрав работите што ќе треба да ги научам понатаму, но нема да преземам одговорност за мажите кои се сериски освојувачи, а подоцна знаат само да се кријат од одговорноста.



Благодарност до сите што ми испраќаат пораки за поддршка и кои разбираат низ што поминувам. Повеќе не се плашам да го користам своето право да живеам независно од туѓите предрасуди, а секој што маргинализира одредени луѓе треба да размисли дали е во позиција да го стори тоа“, напиша г-ѓа Суарез.

Да потсетиме, своевремено Ванда беше од другата страна на приказната. Имено, таа беше таа што го изневеруваше поранешниот сопруг Макси Лопез со Икарди. За да бидат работите уште подраматични, сегашниот пар се запозна преку Лопез - тој и Мауро беа блиски пријатели и колеги во аргентинската репрезентација.


фото: Инстаграм