Култура // Настани
Музички спектакл од светски размери: Повеќе од 50.000 луѓе ја дочекаа Новата година со Сара Јо, Шерифовиќ и Карлеуша
Оваа година во Белград беше организиран досега невиден дочек. Најактуелната музичка ѕвезда помеѓу младите Сара Јовановиќ, евровизиската победничка Марија Шерифовиќ и светски најпознатата ѕвезда од Србија, Jелена Карлеуша приредија музичко шоу за сите генерации.
Повеќе од 50.000 луѓе од целиот регион беа собрани пред Oпштината. Музичкиот настан го организираше градот Белград со цел да го оживее туризмот по паузата поради пандемијата.
Дека се внимавало на мерките добар доказ е тоа што градот доделуваше заштитни маски, имало пунктови за брзи Ковид тестови.
*Р.Ж.М.