На 20 години отидов во харемот на најголемиот трговец со оружје во светот: Со крв ми пишуваше „те сакам“ по целото тело, а јас со договор се заветив да ми прави што ќе посака

Американската модна дизајнерка Џил Дод (58) првпат ѝ стана позната на пошироката јавност откако во осумдесетите се откажа од сè и се пресели во харемот на контроверзниот арапски шеик Аднан Кашоги.

Денес таа е успешна деловна жена и основач на познатиот бренд „Roxy“, а за врската со милионерот и трговец со оружје пишуваше во својата книга „The Currency of Love: A Courageous Journey to Finding the Love Within“ од 2017-та година.

Џил Дод, која исто така е мајка на три деца, сега откри повеќе детали за животот во харемот во подкастот „60 минути“. Како што рече, го запознала во раните осумдесетти на една забава во Кан додека се занимавала со манекенство.

Таа тогаш имала само 20 години и по сопствено признание - била многу наивна. Уште првата средба ја обележал многу чуден и бизарен детал. Шеикот ѝ се претставил така што се пресекол и со сопствената крв на нејзината рака напишал „Те сакам“.

- Го кренав ракавот и тој напиша „Те сакам“. Бев шокирана. Си помислив: „О Боже, тоа е крв“, но во исто време мислев дека е слатко и смешно“, рече Џил.


Во времето кога се запознале, шеикот веќе бил оженет и имал пет деца, но имал право на 12 жени „за задоволство“ покрај неговата законска сопруга.

Многу брзо Џил Дод станала дел од неговиот харем. Таа живеела во неговиот луксузен кварт во Саудиска Арабија и чекала да дојде редот за сексуален однос со милијардерот.

- Никогаш не се сметав за ку*ва и сè уште сметам дека е така - вели Џил Дод, свесна дека уживала во неверојатен луксуз благодарение на сексуалната врска со контроверзниот трговец со оружје.

Пред да ја започнат својата романса, тие потпишаа договор.

„Сакам да се грижам за тебе и сакам да потпишам петгодишен договор со тебе. Ќе ти обезбедам сè што сакаш, а ќе ми бидеш на услуга 24 часа", ги опишува неговите зборови.

Таа се согласила на неговите услови, а години подоцна заедно оделе на гламурозни забави со политичари и членови на кралски семејства, на кои често имало дрога.

- Рекреативно користевме кокаин. Ќе се затворевме во соба со денови, ќе водевме љубов, ќе јадевме, а нашиот личен готвач нѝ носеше храна - вели Џил и додава дека „верува дека била заљубена во него“.


Поради љубовта што ја чувствувала кон него, таа вели дека не жали за годините што ги поминала како дел од неговиот харем.

- Беше прекрасно, едноставно се топевме заедно. Беше голем љубовник, сè беше убаво - вели таа.

Сепак, седум години после тоа, Џил донела одлука да го напушти неговиот харем и целосно да го промени својот живот.


Се омажи, роди три деца и го основа популарниот бренд од кој денес заработува, а често ја препознаваат по тој прекар.

View this post on Instagram

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)


Нејзиниот контроверзен љубовник почина неколку дена по објавувањето на нејзината книга на 81-годишна возраст.

Извор: zena.blic.rs