На 33 години го победил туморот, сега е оженет и има близначки: Животната приказна на Професорот од „La Casa de Papel“

Актерот порано глумел во помалку познати шпански серии, а улогата во популарното остварување го прослави...

Познатиот Професор, кој милионската публика го запозна во популарната шпанска серија „La Casa de Papel“ го глуми Алваро Морте за чиј приватен живот се знае многу малку.

Тој пред оваа популарна серија на Нетфликс, глумел во бројни помалку познати шпански серии, но оваа улога му донесе планетарна популарност.

Во ова остварување тој е вљубен во Лисабон, која ја глуми Итзиар Итуно, а во реалниот живот е емотивно зафатен. Имено, тој неколку години е во брак со стилистката Бланка Клементе со која ги има близначките Леона и Јулија.


Она што многумина не го знаат е дека на 33 година го отстранил туморот на левиот колк и дека по операцијата поминувал низ тешка терапија, додека не се опоравил. Сега, Алваро живее нормален живот, трудејќи се приватноста да ја сочува само за себе.