На Бали се случуваат чуда: Весна Илиевска две години живее во земјата на Боговите

Денешната шолја вкусно балиско кафе Весна Илиевска ќе ја испие за сите пријатели во Македонија. И додека во позадина и свири тивка музика, со мислите ќе почне да создава нови поглавја од својата вистинска животна приказна која се роди во една далечна, мистична и поскувана земја - Бали, островот на Боговите.

-Искрено, за мене ќе останеше само дестинација на геогравска карта, ако тука не дојдеше мојот колега Ненад Секирарски, со кој успешно работевме 17 години.Тој замина пред пет години, а јас дојдов после три. Морав да останам во Македонија поради мојата мајка, која заслужи да се грижам за неа до заминување во царството небесно. На покана на мојот колега и најдобар пријател,ја затворив фирмата,нашето првенче "Секирарски", го спакував куферот и на 54 години го свртев животот наопаку. И еве ме на Бали, без еден месец две години, каде што продолжуваме да создаваме со иста љубов и енергија, поразлично од се што досега сме работеле – ја открива Илиевска причината за нејзината преселба.


Создадовме нови брендови

Од тимот што не се менува, кој го краси професионализам, желба за нови предизвици и пред се вонвременски талент, се родиле новите брендови "Soowa _zero" i "Habibi_mandalas",за кои допрва ќе се слушне

-Убавината на мојот живот е во тоа што ја работам работата што ја сакам,прототип мајстор, со човек кој е дел од мојата душа. Имам доволно слободно време за мојот магичен свет "шепотот на мојата душа",творам привилегирана од непресушни Боженствени убавини. Правам прекрасни фотографии и уживам со сите сетила во сето тоа. Сега и овде. Бали е остров со поинаква енергија, како да е на друга планета. Мислам дека овде дојдов за растот на мојата душа. Да се исчисти сето ѓубре од мојава душа со години таложено,доволно далеку од зоната на конфорот,како не би можела да се вратам кога ќе загусти...Да се разбереме,  Македонија многу ја сакам, и никогаш немаше да ја напуштам,ако  не ми недостасуваше другиот дел од мојата душа – посочува таа.


Љубовта со Бали им е взаемна. Постои "легенда"  во која се вели дека оваа земја или те прифаќа или те испраќа со љубов.

-Мене ме "зароби " со својата љубов. Имам среќа да го запознам Бали на еден поинаков начин, чист, празен, тивок, раскошен во својата убавина, како ретко кој што го видел вака. Некако ми легна на мојот карактер. Едноставноста на живеењето, пријателските насмеани лица,услужливоста на луѓето,почитување на традицијата од мали нозе,почитта кон постарите, се вредности на кои ние имаме заборавено – нагласува Весна.


За животот на овој остров најрелевантни се фотографиите кои сама ги прави и често ги објавува на социјалните мрежи во фолдер "сликички од животот" .

-Можете да видите цела фамилија на мотор,татко мајка две -три деца, куче. Продавачи на храна кои ста роба ја носат носат на својот мотор. Овде сите возат мотори. Застануваат си купуваат храна,  јадат на тротоар или земаат кафе во пластична чаша го врзуваат со најлон, го ставаат на мотор и продолжуваат да возат. Можете да сретнете луѓае кои лежат пред некој дуќан и сурфаат на мобилен. Или момче и девојка кои седат на тротоар покрај своите мотори, се гледаат вљубено и уживаат како да се во најлуксузниот ресторан. Многу работи има да се научи од овој народ. Повеќето се Хинду религија. Има храмови во секој дом ,насекаде можеш да ги видиш. Се молат често, затоа и вибрацијата на островот е многу висока- открива таа.

Ќе направам изолжба со 300 мандали 

Во првите месеци го запознала Бали, во целиот свој сјај. Сретнала луѓе од целиот свет. Островот живеел 24 часа, а безбедноста била  на високо ниво. Постојано одела на забави и прошетки по туристички места.

-Ептен уживав во сето тоа. И после се случи,корона пандемијата. Се чуствував како Трнорушка, се заспа, се испразни,се затвори Само бујната вегетација беше во полн сјај. Моќта на океанот остана. Магијата на неделните залези на сонцето,кога плажите се полнеа со луѓе од цел свет, сега беа со мештаните кои доаѓаа со своите фамилии Морам да признам, многу тешко ми падна таа тишина, се додека не ја засакав. Во време на карантин,немаше што да се прав. Почнав и тука да цртам мндали. Многу ми помогнаа и кога се чувавме со мама. Влегувам во еден друг свет на мир и бесконечна љубов. Имам нацртано преку 300. Си реков : еден ден ќе напишам книга "За тебе моја Хабиби" и ќе направам изложба од мандалите, тоа е во подготовка -  вели Илиевска. 


Животот во Земјата на Боговите, ги има сите проблеми и удобности како и секаде. Само начинот на погледот на живеење е различен.

-Ќе ви раскажам една анегдота. Мојот домаќин и пријател каде што живеам, делеше храна на своите вработени и пријатели. Меѓу другото им даде и по две табли јајца. Забележав дека таблите се отворени. Му реков на Ненад дека тоа ќе биде проблем. Нема со што да се затворат. Но, сфатив дека ние двајца ќе имавме таков проблем. Зашто  мажот, жената и двете деца  се качија на мотор,со две вреќи ориз, со останатите продукти и двете табли јајца.Ќе ја спомнам мојата комшивка,која цело ова време излегува на улица со флаерот за масажа и чека. Иако се е празно, нејзината верба е голема. И токму таа верба ги чува и им прави чуда во животот. А кога верувш во чудото,на чудесијата им нема крај- завршува Илиевска.


Соња Алексоска Неделкоска