На денот на раѓањето на Тоше ќе подариме 10 парични ваучери на семејства во социјален ризик: Лефкија Гажоска, директорка на Спомен куќата

Добивај вести на Viber

„Ангел си ти“ е насловот на целодневниот уметнички, литературен музичко – сценски  настан посветен на 25 јануари, роденденот на нашата најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.  

Националната установа Спомен куќа на Тодор Проески која е основана со единствена намера и цел, да се зачува и промовира не само музичкото, но и животното дело на Тоше, оваа година, 2022 ја посвети на одбележување на многу значајни моменти од неговата кратка, но исклучително плодна и маестарлна музичка кариера.

Лефкија Гажоска, директорка на објектот потенцира дека секој месец ќе одбележуваат по еден настан, кој оставил неизбришива трага во срцата на неговите фанови, на обожавателите. На сите кои биле допрени од неговата близина, неговите текстови, неговата музика.

- Јануари секако е посветен на неговото раѓање. 25 јануари ќе биде одбележан сепак скромно и со почитување на сите мерки на здравстевно безбедносните протоколи. Ќе почнеме со целодневен крводарителски настан, со што ќе ја потврдиме уште еднаш Тошевата саможртва, со својата дарувана крв да спаси човечки живот. Продолжуваме со промоција на книгата „Душа во огледало“ од Бојан Тодоровски – млад поет и фан на Тоше, кој оди по тошевите стапки и преку своето здружени за хуманост, им помага на лицата со потешкотии во развојот. Неговата промоција ќе биде музички поддржана од Никола Зацески, професор во срдното музичко школо во Битола, хуманитарц и филантроп, кој посебно ја сака македонскта народна музика, но подеднакво добро ги интерпретира тошевите песни во придружба на неговиот бенд „Мелем“. Ќе биде промовирана и стихзбирката „1200 молитви за Тоше“ која е напишана од срце за Тоше од неговите фанови. Музички, настанот ќе биде исполнет со преработките на саксофон на исклучителниот Горан Папаз – вели Гажоска

25 јануари од 2008 година со одлука на Советот н аопштина Крушево е прогласен за ден на хуманоста. Во тоа име градоначалникот на општина Крушево м-р Томе Христоски и директорката на Спомен куќата, ќе поделат хуманитарно 10 парични ваучери на семејства во социјален ризик.

-Во исто време ќе биде презентирана и идејата овој ден да прерасне најпрво во регионален ден на хуманоста, а подоцна таа иницијатива да стане и национална. Средношколците на СОУ Наум Наумоски – Борче кои се партнери на Спомен куќата во сите нејзини годишни активности, под ментортво на нивниот професор по уметност Емил Солески, испечатија 41 маичка во оригинална техника со текстилни еко бои. Средствата од овие оригинално изработени маички ќе имаат единствено хуманитарна намена – открива директорката.

Вечното почивалиште на Тоше од представници на Спомен куќата ќе биде посетено околу 13 часот.

Главниот музичко сценски настан со име „Анел си ти“ ќе отпочне во 14 часот. На програмата ќе бидат исклучително нумери на Тоше, во изведба на камернфиот оркестар на Битола под диригентска палка на Владимир Димовски и дувачкото Пиано Трио од Скопје. Ккао солисти ќе настапат Билјана Талеска Јосифов, Огнен Здравковски и Влатко Груевски – членови на Македонската Опера и Балет. Вработените во Спомен куќата и директорката Лефкија Гажоска, посветија големно внимание при осмислувањето  на проектните активности за 2022 г. од кои може да ги издвоиме: Одбележувањето на 30 годишнината од првиот музички настап на Тоше на фестивалот Златно славејче, во 1992 година. Организирање на музичка работилница на кларинет – инструментот кој го избра Тоше во прва година средно музичко училиште. Одбележување на 15 години од изборот на најслушана песна на годината на летниот хит „Вежи ме за себе“. Меѓународна промоција на ликот и делото на Тоше преку концептот „Божилак“ – во земјите од Балканот и Европа.

- Секако не се изоставени ниту домашните – македонск промоции, со кои сакаме да прикажеме дел од музејката поставка на Спомен куќата во нашите реномирани макеоднски музеи, но и посета на школи, домови на култура во рурални средини со што сакаме да го направме Тоше подостапен, а неговите вреднопсти, човечки и музички одново да го добијат сјајот и харизмата од годините кога тој беше земно присутен. Ќе ја најавиме и соработката со УНИЦЕФ и УСАИД меѓународни институции кои го препознаа, промовираа и поддржуваа музикиот подем на нашиот Тоше, но и ја ширеа неговата мисија како човек, хуманитарец и поддржувач на лицата со потешкотии во развојот. Наговиот морален кодекс, за почитување на семејството, верата, пријателите, за вистинското значење на љубовта и искрената хуманост, се надеваме дека ќе ги направиме подостапни до нашите најмлади, основците и средношколците од Балканот, зашто Тоше беше најмладиот регионален амбасадор на добра воља именуван од УНИЦЕФ. Неговата култна „За овој свет“ е химна на УНИЦЕФ на сите простори, па во тоа име планираме да организираме хорски натпревар на основните школи, преку кои се промовираат вредностите н а Тоше како средношколец, младинец, спортист, човек и хуманитарец. Традиционалните одбележувања на 5 октомври  - Ѕвезденото небо и ултра маратното остануваат као традиција да ги продолжиме и да го подобриме нивниот квалитет –потенцира Гажоска.

Посетеноста на Спомен куќата која е се уште најпосетениот музеј во Македонија, зборува дека Тоше и неговата музика, но и неговата мисија се уште живеат.

- Сеуште се актуелни, сеуште плачеме на неговата „Тајно моја“, „По тебе“, „Цреша“ и се прашуваме Зошто замина и зошто За овој свет се уште важат Игри без граници. Тоше те сакаме... Ти благодариме што беше дел од нашите животи, и  што не’ научи на безусловна љубов – порачува директорката.

СОЊА АЛЕКСОСКА НЕДЕЛКОВСКА