На летна дестинација за Божиќ: Неколку месеци по свадбата, шеф Марк од „Брза кујна“ ужива со сопругата на одмор (ФОТО)

Неколку месеци по свадбата, шеф Марк од „Брза кујна“ со сопругата, од летна дестинација го честитаат Божиќ.

Католичките верници ширум светот утре, 25 декемеври, го слават католичкиот Божиќ.

Шеф Марк од кулинарската емисија „Брза кујна“ по потекло е од Франција, но веќе неколку години живее во Македонија и не крие колку ја засакал нашава земја. Тој пред шест месеци се ожени со македонката Василка Димовска, а сега од летна дестинација го честитаат Божиќ.

-На сите наши семејства и пријатели ширум светот им посакуваме Среќен Божиќ и Нова Година - напиша тој покрај прекрасната фотка со сопругата на која се гледа дека уживаат.


Се ожени Марк, шефот од Брза кујна: Мала, но типична македонска свадба