Се ожени Марк, шефот од Брза кујна: Мала, но типична македонска свадба
Фото насловна: Инстгарам/Марк/Фејсбук
Се ожени шеф Марк, готвачот од кулинарското шоу Брза кујна.
Тој често зборува дека е во врска со македонката Василка Димовска. А, во шоуто редовно ги засмејува учесниците и гледачите со неговиот хумор.
Познат е на јавноста по уникатните, елегантни и уметнички кулинарски дела, но и по тоа дека јавно споделува колку многу ја засакал Македонија.
На Фејсбук, неговиот син сподели видео од венчавката на Марк и Василка. Шефот за овој убав повод одбрал тегет костим со светло сина кошула и вратоврска со интересен дезен, а невестата убава бела венчаница со нежна чипка.
Забележително на видеото се зурлите и тапаните, инструменти кои се неизбежни за една Македонска традиционална свадба.
Видео и Фото: Фејсбук
Можеби ќе ве интересира:
Стил на денот: Водителката Сања во прекрасен бел фустан