На овие хороскопски знаци парите им се најважни во животот: Проверете кои се најголемите хедонисти во Зодијакот
Луѓето родени во неколку хороскопски знаци особено ги ценат
материјалните добра и понекогаш трошат над своите можности.
Некои хороскопски знаци се познати по тоа што особено го ценат луксузот и материјалните работи.
Бик
Родени под позитивното влијание на Венера, Биковите се хедонисти кои сакаат да се задоволуваат себеси. Сакаат да трошат пари на убави работи и на она што тие го доживуваат како добра инвестиција. Тие нема да штедат на луксуз: ќе се почестат со вечера во добар ресторан и ќе уживаат во скапиот парфем или дизајнерска облека.
Припадниците на овој знак веруваат дека е во ред да трошат пари за себе и за своите задоволства.
Лав
Родените во знакот Лав се вистински хедонисти кои сакаат да се фалат. Тие уживаат во многу работи и не гледаат ништо лошо во материјализмот. Тие сметаат дека секогаш го заслужуваат најдоброто.
Особено сакаат да се фалат со бројки - сумите што ги потрошиле на патување или козметички третман. Тие се восхитуваат на самите себе и сакаат да ги импресионираат другите.