На прагот од седмата деценија изгледа нереално: Жената нарекувана „The Body“ беше меѓу најплатените модели, а сега изгледа вака!
Годините не ѝ можат ништо
Ел Мекферсон беше една од најуспешните манекенки, денес има 58 години, а нејзиниот изглед сè уште привлекува внимание. Кога се појави на светските модни писти, го доби прекарот „The body (Телото)“, за што многумина се согласуваат дека и денес совршено ѝ стои.
И денес оваа прекрасна Австралијка не препушта ништо на случајноста кога е во прашање нејзиниот изглед.
Еден од првите супермодели стана вистинска бизнисменка која има своја линија долна облека. Ел е исто така еден од големите поборници за земање глина со вода секој ден бидејќи наводно ги врзува токсините и тешките метали и ги исфрла од телото. Ел е и вистински фитнес гуру и верува дека тајната на здравјето и добриот изглед е во баланс помеѓу вежбање, визуелизација, медитација и внес на доволно витамини и минерали.
Покрај тоа што доминираше на модната писта, таа имаше можност да се појави и во неколку филмови, а своевремено беше и најплатениот супермодел во светот, дури и пред Синди Крафорд.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Printerest
Беше секс симбол во 80-тите, кршеше машки срца: Вака денес изгледа познатата актерка (ФОТО)