На само 27 години: Ариана Гранде е најследена жена на Инстаграм

Младата пејачка е и втора најследена позната личност на светот

Ариана Гранде е најследената жена на Инстаграм, и прва жена со над 200 милиони следбеници на оваа мрежа.

Воедно, таа е и втора најследена личности на Инстаграм, а пред неа е фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 238 милиони следбеници.

Селена Гомез се наближува кон цифрата од 200 милиони, со 190 милиони следбеници, додека Кајли Џенер има 193 милиони.

Во петте најследени личности на светот е и актерот Двејн Џонсон, кој има 196 милиони следбеници.

27-годишната Ариана до оваа цифра стигна неколку часа откако настапи на доделувањето на МТВ музичките награди, каде на сцената настапи покрај Лејди Гага. Тие двете ја изведоа песната „Rain on Me“, за која освоија награда.

Ариана доби награда и за дуетот со Џастин Бибер, „Stuck with you“.