НА ТАНЦОВИОТ НАТПРЕВАР ИКС ДЕНС: Награди за Македонија, Британија и за Русија

Добивај вести на Viber

Виолета Карајанова од Македонија и Ендрју Кук од Велика Британија (класичен балет, дуо)  и ансамблот „Акварели“ од Тарко-Сале, Русија (естраден танц) ги добија наградите Гран при на танцовиот натпревар  „ИКС ДЕНС 2018“. 

Виолета Карајанова од Македонија и Ендрју Кук од Велика Британија 

На меѓународниот настан кој се одржа во во МОБ, учествуваа  балетски уметници и танчари од Русија, Италија, Турција, Украина, Велкика Британија, Македонија.

Ансамблот „Акварели“ од Русија 

Меѓународното жири ги оценуваше учесниците во повеќе танцови дисциплини и возрасни категории. Меѓу лауреатите беа: класичен балет – Шатохина Софија и Гривнина Аљона  од Русија, Григоренко Јулиана и Јурченко Марија од Украина,  Бојан Димовски  од Македонија, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Скопје, класа на Маја Митровска Богојевска и на Сања Шутевска. Во естраден танц триумфираше Образовниот кореографски ансамбл „Акварели“ од  Русија како најдобро дуо, квартет, соло и ансамбл, а меѓу наградените се и Сорокина Марина (Русија), Денс студио МАК (Македонија).

Образовниот кореографски ансамбл „Акварели“ од  Русија како најдобро дуо

Во дисиплината современ танц, награда добија ученици од  ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Скопје, класа на Александра Кочовска Начева, Тимченко Данил (Русија), Ивана Коцутар и Лука Облак (Словенија), Антонија Димитријевска (Македонија), Софија Ореснина и балетот Рапало (Италија). 

Покрај наградата Гран при, победниците  добија и парична награда од 1000 долари, како и оригинални охридски бисери од семејството Филеви. 

Како специјална награда на ИКС ДЕНС 2018,  Колеџот за кореографија во Киев, Украина, додели две целосни едногодишни  стипендии (школување и сместување). Стипендиите ги добија младите балетски уметници, Бојан Димовски и Мартина Димовска од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј" од Скопје. (М.Џ.)