Најбараните јапонски палачинки: Меки како памук, сочни како лубеница
Јапонските палачинки потсетуваат на американските, но се двојно подебели, па тестото е тројно помеко
Состојки:
* 2 јајца
* половина чаша млеко
* 1 лажица екстракт од ванила
* една и пол чаша брашно
* една и пол лажица прашок за пециво
* 3 лажици шеќер
Подготовка:
Јајцатa, млекото и екстрактот од ванила матете ги во голема чинија додека не добиете пенлива хомогена смеса.
Во друга чинија измешете ги брашното, прашокот за пециво и шеќерот, па соединете ги со претходната мешавина.
Оставете ја смесата да отстои 15 минути.
Ставете на рингла поголема тава со малку масло на средна температура.
Околу четвртина од тестото ставете да се пржи и чекајте додека не се појават меурчиња. Тогаш палачинката може да ја превртите.
Кога ќе се испржи и другата страна, послужете ja со јаворов сирум или со мед, додадете овошје или јапонски путер, доколку имате.