Најбогатата Србинка по бракот стана Арапска принцеза: „Не може да живее“ од луксуз, а само едно нешто во животот ѝ е проблем – многумина нема да разберат

Добивај вести на Viber

Имотите што ги поседува Аника Божиќ го одземаат здивот, а манекенката планира да изгради и нови. Сепак, сега сѐ е во мирување поради еден проблем

Аника Божиќ, модел и една од најбогатите Србинки, навистина живее живот за кој многумина можат само да сонуваат. Опкружена е со раскош и злато, патува на најлуксузните локации, јаде во најубавите ресторани и со сето тоа живее и бајка кога е љубовта во прашање.

Имено, таа е среќно мажена за Палестинецот Јусуф ал Сарај, за кој медиумите пишуваа дека е принц, поради што по бракот Аника почнале да ја нарекуваат „арапска принцеза“.

View this post on Instagram

A post shared by (@anika_bozic)


Таа неодамна за „Супер ТВ“ ја отвори вратата од својот луксузен дом кој го поседува, во кој ужива со сопругот, но откри и кој ѝ помогнал околу уредувањето на просторот, и кои се нејзините идни планови.

Аника дел од годината живее во Париз, каде има стан во центарот на градот, додека нејзината куќа во Египет е веднаш на плажа. На таа локација најчесто ги поминува летните денови, за да може да ужива и да се релаксира покрај морето со сопругот Јусуф ал Сарај и синот Омар. Како што истакнува за „Супер ТВ“, ги сака двата простора, бидејќи секој има свој шарм.

- Секој простор си има свој шарм, тешко е да се споредат стан во центарот на градот и куќа на плажа - вели Аника на почетокот на разговорот, чиј дом во Париз има дневна, кујна, трпезарија, спални со бањи, помошни простории, тераса, градина, бар на отворено и простории за вработени. Секако, станот има и гаража. Слична е состојбата и со домот во Египет, каде има приемна сала, но и неколку спални соби со бањи, како и библиотека која сѐ уште е во изградба. Домот во Париз сама го уредила, додека за деталите во куќата во Египет ѝ помагала свекрвата.


- Домот во Париз го уредив целосно сама, а куќата во Египет ја уреди мојата свекрва, која вообичаено се занимава со уредување на ентериер. Со години собирам книги и фотографии од екстериери и ентериери и точно знам во каков простор би се чувствувала пријатно. Никогаш немав желба да живеам во изложбен салон, туку во куќа која одговара на мојот сензибилитет и животни потреби - искрено вели манекенката и нагласува дека деталите се најважни во уредувањето на домот.

- Деталите се суштински како во дизајнот и ентериерот, така и во модата. Цел живот се занимавам со детали, деталите го прават дизајнот – вели таа.

Во моментов летните денови ги поминува во Египет покрај базенот што го поседува во огромната куќа.

- Во Египет најголем дел од времето го поминувам покрај базен, среќна сум што мојот син поголемиот дел од времето го поминува на отворено. Во Париз речиси сите соби ги користиме подеднакво - вели Аника.

View this post on Instagram

A post shared by (@anika_bozic)


Со оглед на тоа што многумина во јавноста ја нарекуваа арапска принцеза, таа открива дека има желба да готви и чисти, но нема време за такви работи.

- Често со носталгија се сеќавам на кулинарските вештини на баба ми и жалам што немам ниту време ниту страст да се посветам на нивно стекнување. Што се однесува до домашните работи, од мала сум перфекционист и секој простор во кој престојувам мора да исполнува високи стандарди на организација и хигиена - изјавува манекенката која пред корона вирусот имала планови за нов недвижен имот со сопругот, но сè е моментално на пауза.

- Планиравме многу, но сегашната пандемија ни ги стави во мирување плановите - заклучува Аника Божиќ.

Извор: zena.blic.rs